На конститутивната седница на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Охрид одржана вчера, Јован Крлев со гласање е избран за секретар на Општинската организација на СДСМ во Охрид.

Јован Крлев изминатиот период се покажа и докажа како личност која гласно и борбено ги бранеше партиските идеали и како личност која ужива углед во доменот на својата професионалност, но и почит помеѓу нашите членови и симпатизери, соопшти ОО СДСМ – Охрид.

На СДСМ секогаш ветер во грб и се младите, нивната амбиција, елан и енергија, велат од охридскиот огранок.

Во името на целата општинска организација му посакуваме на другарот Јован истрајност и мудрост при носењето на одлуки заедно со партиското раководство, многу успех и плодна работа, но пред се’ единственост кон секој еден наш член и почитување на нивните ставови и мислења, соработка со секој оној кој верува и ги почитува социјалдемократските вредности, се вели во партиската објава.

Г.М.