Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувна пожар.
Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи. Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот, соопшти Јавното обвинителство.
Истрагата треба да открие дали причините за пожарот во кој се оштетени и неколку апартмани на горниот кат од објектот, имаат некаква поврзаност со работата на Државниот правобранител.
Г.М.