Општина Охрид ги известува граѓаните дека се организра Јавен увид по Урбанистички прoект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба за: Новопланиран СН10(20)кV подземен кабелски вод со трафостаница ТС 10(20)/0,4kV во КО Оровник, Општина Охрид, Тех бр: Е–142/ 23-уп од ноември 2023 год.. Изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид.

За Проектниот опфат на Урбанистички прoект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба за: Новопланиран СН10(20)кV подземен кабелски вод со трафостаница ТС 10(20)/0,4kV во КО Оровник Општина Охрид, изработени се Услови за планирање на просторот со тех.бр. Y27323 од јули 2023, изработени од Агенција за планирање на просторот, со Решение за Услови за планирање на просторот со арх.бр. УП1-15-1445/2023 од 20.07.2023 год. Изработено од Министерство за животна средина и просторно планирање, посочуваат.

Должина на проектниот опфат на подземниот вод изнесува 1311 м, широчина на проектниот опфатот планиран за подземниот вод е 1 м, површината на новопланираната трафостаница изнесува 20 м², додека површината на проектен опфат изнесува 1330 м2.

Надлежниот орган во електронска форма го ставана увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Охрид https://www.ohrid.gov.mk/ и на официјалната страна од е- урбанизам https://www.e-urbanizam.mk.

Јавниот увид ќе биде од 03.09.2024 до 17.09.2024 година. Евентуални забелешки можат да се достават секој работен ден во архивата на ОпштинаОхрид.

OhridNews