Општина Охрид објави Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица која ја зафати општина Охрид на 06.04.2025 година.

Пријавувањето на штетите може да се изврши почнувајќи од денес, па се до 17 април секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Граѓаните потребно е да поднесат Барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на општина Охрид. Покрај Барањето секој барател треба да достави: копија од имотен лист, копија од лична карта, доказ за користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп), како и трансакциска сметка, информираат од Општина Охрид.

Со потпишување на Барањето, додаваат се потпишува и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Посочуваат дека доколку доставените документи не се целосни, барањето нема да се разгледува.

Дека штетите од снегот и ниските температури веќе се видливи во овошните насади посочија земјоделците, кои велат посебно зафатени се веќе расцветаните дрвја на сливата, црешата, јаболката, касијата…, а истите ќе се одразат како врз понудата на овошје, така и врз семејствата во охридскиот регион кои исклучиво егзистираат од земјоделие.

OhridNews

Снегот и студот предизвикаа штети кај овошките во Охридско