Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2024/2025 година ќе додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од општина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик а се со место на живеење во општина Охрид.
Образовниот додаток се доделува еднократно за целата академска 2024/25 година. Износот на образовниот додаток за студенти кои студираат надвор од Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик изнесува еднократно во нето износ од 6000,00 денари за студенти кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот повик. Образовниот додаток за студенти е неповратен.
Потребните документи заедно со изјавите треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Во буџетот на општина Охрид се обезбедени 360.000 денари за оваа намена. Ќе биде овозможен паричен надоместок за максимум 60 студенти. Во случај на еднакви бодови селекцијата ќе се прави по принципот: „прв дојден, прв услужен „за што критериум ќе биде времето на пристигнување на апликацијата во Архивата на општина Охрид, се посочува во јавниот повик.
Повеќе информации за јавниот повик на линкот.
OhridNews