Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2025 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик.

Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Охрид во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности, а се со единствена цел поквалитетна и потранспарентна постапка за изработка на програмата за социјална заштита за 2025 година, се наведува во Јавниот повик.

Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид.

Се посочува дека согласно законската регулатива, Општина Охрид како единица на локалната самоуправа води активна политика на обезбедување услови и превземање системски активности за социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 05.11.2024 година (вторник), до 15.00часот. Повеќе информации на линкот.

OhridNews