Охридската локална самоуправа издава под закуп вкупно 5 локации за поставување на рекламни паноа- билборди.  За таа цел деновиве беше објавен Јавен оглас за добивање право за поставување на рекламни паноа – билборди на подрачјето на општина Охрид, по пат на јавно електронско наддавање.

Локациите за поставување на билбордите се наоѓаат на ул: Булевар „Туристичка’’ во близина на кафе бар Скај Корнер; на  ул: Булевар „Туристичка’’во близина на градски пазар; на излез од град Охрид према Струга пат ОхридСкопје; крстосница-Булевар „Туристичка’’со ул: „Јане Сандански“ и крстосница ул:„Железничка’’ со ул: „7-ми Ноември“.

Лед билбордите треба да се со правоаголна двострана рекламна површина од кои, едната да биде составена од дигитални компоненти кои ќе поддржуваат видео, аудио, анимација и дигитални фотографии, а другата да е статична. Технологија која треба да се користи е “SMD” лед технологија со кристална пикселизација за оддалеченост од минимум 8 до 70 метри. Брзината на освежување на сликата на лед билбордите треба да изнесува минимум 1920 Hz до 3840 Hz. Лед билбордите мора интегрираат енергетски-ефикасни технологии за управување со енергија за да се намали потрошувачката на енергија, но да се задржи нивото на сјајност на сликата на содржината која се емитува, стои во огласот.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, кои ги исполнуваат
условите утврдени со јавниот оглас.

Јавниот оглас трае до 29.11.2024 година, најдоцна до 12:00 часот.

Повеќе инаформации на линкот.

OhridNews