Единаесетти ден гори планината Галичица. Пожарот го гасат стотина лица, вработени во НП Галичица, пожарникари, волонтери од Планинската спаситена служба и доброволци, со воздушна поддршка од хеликоптери и авиони.

На исток пожарот се движи во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Гори нискостеблеста вегетација и букова шума.

Во одредени делови пожарот веќе е ставен под контрола, односно нашите екипи успеаја да направат одбранбени појаси. Има уште доста работа, на некои делови има тежок пристапен терен, изјави Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ Охрид.

Јанкулоски истакна дека будно се следи ситуацијата на терен и оти очекува поддршката од воздух да продолжи и наредните денови.

Г.М.
Фото/видео: Бобан Стојаноски.