На 27.01.2024 година во 15.35 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е 42-годишен жител на тетовското село Желино.

Тој бил приведен затоа што претходно, во своето патничко возило, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

OhridNews