Продолжува лакрдијата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид (УИНТ) со незаконски и нестатутарен jавен oглас за избор на ректор. По непочитување на донесената пресуда на Управниот суд на Република Македонија, со која се уважи тужбено барање на тужителот, и се поништи Одлуката на Сенатот, во која донесената Одлука на сенатот, нема своја основа во одредбите на Законот за високо образование (ЗВО) и Статутот на УИНТ, одлуката Судот ја поништува како незаконита. Ова го тврди Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија, во текст објавен на порталот „Нетпрес“.

Против Пресудата не е дозволено право на жалба. И покрај донесувањето на Пресудата на Управниот суд и нејзиното јавно објавување од страна на Судот на 21.3.2024 година, и доставување на Пресудата до странките, престанува важноста на Одлуката, бидејќи е огласена за ништовна, како и сите донесени одлуки и постапки потоа по новораспишаниот оглас за избор на ректор, истакнува Илиевски.

Во текстот се посочува дека објавениот Јавен оглас за избор на ректор на УИНТ-Охрид е спротивен на Законот за високо образование и Статутот, во делот на посебните услови и посебните компетенции кои треба да ги поседува избраниот ректор. Илиевски уште поенцира дека тоа е смислен чин на манипулации на одговорните на УИНТ и дел од сенатот на Универзитетот.

Со  спорниот Јавен оглас за избор на ректор на УИНТ-Охрид, се повредени и темелните вредности на Уставниот поредок на Република Македонија, тврди Илиевски, повикувајќи огласот да биде поништен, да се изврши надзор, а носителите на незаконските дејства да сносат одговорност.

Целиот текст на ЛИНКОТ.

OhridNews