Маркетинг Контакт Редакција

03.09.2010 08:15

Купот продолжува без охриѓани

03.09.2010 08:00

Наместо пракса ќе учат теорија по физичко образование

03.09.2010 07:30

Продолжува 21-та седница на Советот

03.09.2010 00:30

ЕП : Македонија ќе и парира на Србија

03.09.2010 00:20

Прекин во водоснабдувањето на две улици

03.09.2010 00:15

Србија - Хрватска во осминафиналето на Мундобаскетот

03.09.2010 00:06

Градоначалникот Петрески испрати писмо до неговиот белградски колега

03.09.2010 00:05

Презентиран Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост

03.09.2010 00:05

Охрид домаќин на кошаркарскиот судиски семинар

03.09.2010 00:05

Стaртува 19. мото рели “Македонија - Независност“

03.09.2010 00:05

Ја запалил бањата бидејќи сакал да убие пајак со запалка

03.09.2010 00:05

Мел Гибсон повторно на разговор во полиција

03.09.2010 00:05

Замрзнатото езеро го искористил за најголемиот цртеж

03.09.2010 00:05

Првиот ден во пензија го искористил да дава пари на минувачите

03.09.2010 00:04

Ценaта на храната во светот расте

39-та Илинденска едриличарска регата !

Величенствено и незаборавно, вака организаторот едриличарскиот клуб АМАК-СП Бофор ја најавува традиционалната Илинденска регата, која годинава од 31 јули до 2 август ќе го има своето 39-то издание.

Регатното поле е на потегот градско пристаниште – хотел Горица – Канео.Во зависност од временските услови,се предвидува секој ден да има по четири регатни возења.Регатните возења ќе започнат на 31 јули во 13 часот,на 1 и 2 август едриличарите предвидените возења ќе ги започнуваат во 11 часот.Организаторот очекува учество да земат едриличари од 11 држави во девет класи.


Ќе го разубават Охридското Езеро-едрилица на АМАК СП Бофор

Претседателот на Собранието на Е.К. АМАК-СП Бофор Стефан Ставрев на прес конференцијата информира дека традиционално и годинава по регатните возења, организаторот подготвува и други активности, од кои особено внимание треба да привлече презентацијата-крстарење околу CAPE HORN во Јужна Америка. Презентацијата ќе биде на Младен Шутеј од Хрватскиот Океански Едриличарски Клуб.

Годинешнава 39-та Илинденска регата ќе мине и во знак на два многу заначајни едриличарски јубилеји, 60 години години спортско едрење во Македонија и 100 години од како во Париз беше формирана Меѓународната Унија за Спортски Едрилици (МУСЕ).


течат последните подготовки за регатата и во тимовите

На денешната средба со новинарите првиот човек на компанијата АМАК-СП, Венко Шапкар истакна дека низ годините клубот ги реализирал двете основни цели,популаризацијата и масовноста на едерењето.

Изразувајќи багодарност за успешната соработка со локалната и централната власт и потсетувајќи дека Е.К.АМАК СП – Бофор е победник на Евро-Балканската лига, господинот Шапкар потенцира дека клупската флота постојано се зголемува, најавувајќи за следната регата едно сосема ново натпреварување.

Станува збор за така виканиот “меч рејс“ , кој во светот поради својата атрактивност доживува огромна популарност.За таа цел Венко Шапкар најави набавка на четири нови пловила.


Се е подготвено за регатата Поп Стефанија, Шапкар, Ставрев

Регатата која меѓу другото за цел има и да го промовира Охрид како центар на водните спортови во Југоисточна Европа, годинава ќе биде претставена и на спортскиот канал Евроспорт.

Илинденската регата оваа година е целосно подржана од локалната самоуправа,во финансиска конструкција најголемиот товар го носи традиционалниот спонзор компанијата АМАК СП. За прв пат годинава регатата е подржана и од агенцијата за млади и спорт. Покровител на 39-та Илинденска регата е амбасадорот на ЕУ во замјава Ерван Фуере.

        Ненад Цветанов


28.07.2007 15:24

Прочитана е : 2595 пати

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833